Заврши регуларниот дел од сезоната во НБА лигата , по кој познати се сите 20 екипи што ќе играат во разигрувањето.
Дуелот меѓу Голден Стејт и ЛА Клиперс што истите го добија по продолжението, на некој начин беше и најава за вистинските возбудувања.
Со победата тимот од Лос Анџелес заврши како петто пласиран на Западот, па во четвртфиналето од плеј-офот ќе игра против Денвер. Тоа секако ќе биде најинтересниот пар во четвртфиналната рунда, на кој ќе и претстојат и доигрувањето односно плеј-инот.
Во нив. Голден Стејт ќе игра порив Мемфис, а победникот ќе оди на мегдан на Хјустон. Поразениот ќе има уште една шанса, па ќе игра со подобриот од дуелот Сакраменто – Далас.
Дури по тој натпревар екипата на Оклахома која беше најдобра во Западната конфедерација ќе го дознае противникот во четвртфиналето.

Кливленд кој беше прв на истокот ќе мора да полека два дуели претходно за да го дознае својот противник. Чикаго – Мајами и Орландо – Атланта се двојките за плеј-инот, а победникот од вториот пар оди на мегдан на шампионот Бостон.
Разигрувањето стартува веќе во среда во 1 часот и 30 минути по полноќ.