Машката кадетска репрезентација на Македонија со убедлива победа победа го започна својот настап на Европското првенство „Б“ дивизија во Скопје.

На шампионатот за играчи до 16 години, Македонија славеше победа над Украина со 96-68.

Во текот на целиот натпревар црвено-жолтите ја контролираа играта и резултатот. Во ниту еден момент не му дадоа шанса на противникот ниту да се понадева на успех.

Цветковски со 22 поени беше прв стрелец во нашата селекција, во која се истакна и Данев со дабл-дабл ефект со 14 поени и 11 скока. Двоцифрени беа Терзиевски со 11, Ефтимовски и Стојановски со по 10 поени.

Утре македонските кадети се слободни во својата група „Д“, а следниот натпревар ќе го играат во сабота против Шведска.