Американскиот кошаркарски „Дрим тим“ се избори за ново финале на Олимписките игри. Селекцијата на САД со многу мака во полуфиналето славеше над Србија со 95-91.

Срните цели 37 минути имаа предност, но предводени од Стеф Кари и Леброн Џејмс, Американците направија комплетен пресврт. Кари натпреварот го заврши со 36 поени, а Леброн со троен ефект со 16 поени, 12 скокови и 10 асистенции.

На спротивната страна Богдановиќ постигна 20 поени, а Јокиќ заврши со дабл-дабл 17 поени и 11 асистенции. Но тоа не им помогна на Срните да направат изненадување, па тие ќе играат за бронзата против светскиот шампион Германија.

Во финалето, пак како и во Токио пред три години, ќе играат САД и Франција.

Натпреварите за медал на програмата се во сабота

ОЛИМПИСКИ ИГРИ | Париз 2024 by SportPlus Macedonia | СПОРТ ПЛУС МАКЕДOНИЈА
ОИ ПАРИЗ 2024 | ЗАВРШНИ НАТПРЕВАРИ РАСПОРЕД by SportPlus Macedonia | СПОРТ ПЛУС МАКЕДOНИЈА