Мајската ЕХФ репрезентативна недела, младите македонски ракометарки ќе ја искористат за подготвителни натпревари.

Младинската селекција, ракометари до 20 години ќе одигра два натпревари против селекцијата на Словенија, во градот Зрече.

Селекторот Радослав Стојановиќ денеска гои објави списокот на кој се 17 ракометари, на кои ќе смета за овој двомеч.

Натпреварите ќе се играат на 10 и 11 мај (петок и сабота) во термините од 18 часот односно 10:30 часот. Собирот е закажан за 7 мај (вторник) во 09:30 часот во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.

Младинците летово ги очекува настап на Европското првенство што ќе се игра токму во Словенија.