Екипата на МКК Куманово предводена од поранешниот македонски селектор Марин Докузовски е пред промоција во нов член на Првата лига.

Кумановци кои во второлигашката конкуренција сезонава немаат ниту еден пораз, попладнево ќе го одиграат вториот полуфинален дуел од плејофот.

Тие гостуваат во Скопје, кај екипата на Ангели и важат за апсолутен фаворит во овој меч. Убедливата победа во првиот натпревар, како и максималниот ефект досега, со право им ја дава таа улога.

Доколку истата ја потврдат, кошаркарите на МКК Куманово ќе се пласираат во финалето. Тоа пак, според системот на натпреварување значи и пласман во Првата лига следната сезона.

Денешниот дуел во салата „Независна Македонија“ во Кисела Вода ќе почне во 19 часот.

Утре (20 часот) пак својот реванш полуфинален натпревар ќе го играат екипите на Маџари и Шкупи. Во него тимот од скопски Чаир влегува со предност од 1:0 во победи во серијата што се игра во два добиени натпревари.

Натпреварите може да ги ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ (линк)