Шампионот Денвер одбраната на титулата во плејофот ја започна со победа над ЛА Лејкерс. Во првиот члетвртфинален натпревар од Западната конференција, Денвер победи со 114-103 за водство под 1:о во серијата подобар до четири.

МВП-то на ланското финале и прв претендент за ова признание и сезонава, Јокиќ, оствари двоен ефект. Србинот на 32-те поени додаде 12 скокови, а имаше и седум асистенции. Дабл-дабл на спротивната страна имаше Ентони Дејвис со 32 поени и 14 скокови, а Леброн Џејмс заврши со 27 поени.

И следниот натпревар ќе се игра во Денвер

До водство од 1:0 во победи, но на истокот, стигна и тимот на Њу Јорк. Пред своите симпатизери „Никси“ го совладаа тимот на Филаделфија со 111-104.

Петмина играчи на домаќините имаа двоцифрен број на поени, а најмногу Џејлен Бронсон и Џош Харт по 22, додека еден помалку постигна Мекбрајт.

Макси со 33 поени беше најефикасен на натпреварот и во гостинската екипа за коа Ембид реализира 29 поени.

Вечерва на програмата се нови четири дуели.

Од 19 часот Бостон го пречекува Мајами во реприза на ланското финале на Источната конференција. Во терминот од 21.30 закажан е почетокот на дуелот во ЛА каде Клиперси ќе играат со Далас предводен од Лука Дончиќ.

Еден час по полноќ ќе започне натпреварот Милвоки Индијана, а дуелот меѓу Оклахома и Њу Орлеанс е во терминот од 3.30 часот.