Екипата на Интер Мајами продолжува со победите во американската МЛС лига. Лионел Меси беше творецот на победата на тимот од Флорида во дуелот со Нешвил 3-1.

Иако гостите поведоа уште во втората минута, Меси и дружината брзо се вратија во игра. Поранешното трио на Барселона, Меси-Суарез-Бускетс одигра како во најдобрите денови.

Веќе во 11.минута Суарез му асистираше на Меси за израмнување на 1-1. Во 39-тата Аргентинецот го пронајде Бускетс, а овој погоди за 2-1 за Интер. Во финишот на натпреварот (81) беше досуден пенал за домашниот тик кој го реализира Меси за конечни 3-1.

Интер Мајами е прв на табелата во западната конференција со 18 бодови, два повеќе од Њу Јорк и три од Синсинати кои имаат натпревар помалку.