Актуелниот македонски првак МЗТ Скопје Аеродром е последниот, четврти, тим што обезбеди пласман во полуфиналето на кошаркарскиот шампионат.

Аеродромци и по трет пат беа подобри од екипата на Гостивар и ја добија четвртфиналната серија со убедливи 3:0 во победи.

На дуелот одигран вечерва во Гостивар, тимот на МЗТ Скопје славеше убедливо со 26 поени разлика.

Освен воведните 3-0 за домаќините, се натаму беше беше во знакот на сино-белите од Скопје. Уште по првата четвртина МЗТ имаше двоцифрена предност (26-10), а на полувремето замина со +23 (50-27). Формалност беше вториот дел, па конечниот резултат на крајот гласеше 96-70 за шампионот.

МЗТ Скопје Аеродром за противник во полуфиналето ќе го има скопскиот ТФТ. Во второто полуфинале ќе играат Работнички и Пелистер.