Фудбалерите на Црвена Звезда по голема драма и пресврт го совладаа Партизан со 3:2 во 173-тото вечно дерби што се играше на Маракана.

Партизан имаше водство на два пати. Најпрво Баждар во 11-тата минута донесе водство на Партизан од 0-1. Само пет минути подоцна од пенал Канга го израмни резултатот на 1-1 што беше и резултатот по првите 45 минути.

Слична беше приказната и во второто полувреме. 

Партизан повторно поведе со евроголот на Северина во 56-тата минута. Катаи постигна израмнувачки гол со глава во 69. минута, но по интервенција на ВАР беше поништен.

Црвено-белите имаа одлична иницијатива, имаа повеќе шанси, но Круниќ брилијантно ги запре ударите на Катаи и Шериф. Потоа во 85-тата минута брилијантно го сопре ударот на Хванг.

Но, тогаш стигна целосниот пресврт. Шериф во 90-тата минута и Катаи од пенал во 99-тата минута од судиското надополнување од цели 15 минути и донесоа голема победа на Ц.Звезда.

Со оваа победа Ц.Звезда сега има 10 бода повеќе од Партизан на табелата и со тоа е многу блиску до шампионската титула. 

Standings provided by Sofascore