Баерн Минхен со голеадата во Берлин против Унион од 1-5 влезе во форма и тоа кога е најпотребно во финишот на сезоната.

Баварците водат битка на два фронта, во Бундеслигата и во Лигата на шампионите.

Тие гостуваа кај Унион Берлин во рамките на 30-тото коло во Бундеслигата и со голема победа се враќаат во Минхен.

Пласманот во полуфиналето во Лигата на шампионите очигледно влијаеше позитивно врз ибраниците на Томас Тухел, кои денеска испорачаа „петарда“ во мрежата на домашниот тим.

Горецка и Кејн отворија мечот со мајсторски голови за предност од 0:2 по првите 45 минути.

Во вториот дел два гола постигна Милер и еден Тел за предност од 0:5, а во судиското продолжение, Вертезен постигна почесен гол за Унион и само го ублажи високиот пораз во пресметката со Баерн.

Баерн на овој меч имаше доста проблеми со повредени фудбалери, но оние кои излегоа на теренот го оставија најдоброто и се погрижија за рутинска и убедлива победа.

Со 66 бода остануваат на второто место со три бода предност од Штутгарт.

Standings provided by Sofascore