Женската тениска селекција на Македонија, со двете победи над Грузија избори меч за 4.место во „Били Џин Кунг“ купот.

На турнирот во Вилнус, а во рамките на Втората евро-африканска зона, напите тенисерки ги добија двата сингл мечеви.

Откако Стоилковска во три сета ја совлада Кардава (2:1), и Лина Ѓорческа го доби мечот со Екатерина Горгодзе. Најдобрата македонска тенисерка одигра само еден сет кој го доби со 6-1. Пред стартот на вториот противничката го предаде мечот.

Предноста од 2:0 по сингл мечевите и донесе победа на Македонија, па дуелот во двојки ќе биде само чиста формалност.

Утре во дуелите против Израел, македонските тенисерки ќе се борат за 4.место во конечниот поредок.