Екипата на Олимпијакос со победата над Црвена Звезда го обезбеди својот пласман во четвртфиналето на Евролигата.

Во натпревар од претпоследното 33-то коло, одигран во Белград, гостите од Пиреа славеа со 89-86.

Црвена Звезда одамна ги имаше загубено шансите за место во разигрувањето, а Олимпијакос се бори за директен влез во четвртфиналето.

Во првото полувреме гостите од Пиреа, одиграа далеку подобро. Имаа кошаркарите на Олимпијакос и двоцифрена предност, но на пауза заминаа со само три разлика (39-42).

Во третата четвртина, Олимпијакос пак имаше +10 (41-45). Црвено-белите го надополнија тоа, па тие во последниот период влегоа со поен позитива (64-63). Четвртата четвртина мина во константна контрола на резултатот на гoстинскиот тим, кој на крајот славеше со конечни 89-86.

Со оваа победа Олимпијакос сега е сигурно шести што му гарантира настап во четвртфиналето.

Екипите на Макаби, Виртус Болоња и Басконија ќе играат во плеј-инот, за кој за последното место во конкуренција се уште пет тима.

Standings provided by Sofascore