Фудбалерите на Ливерпул го совладаа Шефилд Венсдеј и се вратија на првото место на табелата во Премиер лигата.

На „Енфилд“ пред своите симпатизери Ливерпул го победи Шефилд со 3-1.

Натпреварот одлично почна за црвените кои преку Дарвин Нинез поведоа уште во 17-тата минута. Сепак, во второто дел (58.минута) со автоголот на Бредли стигна израмнувањето.

Ливерпул фрли се на една карта и тргна во тотална офанзива. Тоа донесе резултат во 76.минута кога Мекалистер со ефектен гол донесе водство од 2-1. Победата ја запечати Гапко во 90-тата минута.

Со оваа победа и трите освоени бодови, а вкупно 70 Ливерпул е прв на таблета. Зад него се Арсенал со два помалку, односно Манчестер Сити кој заостанува три бода.