Ракометарите на Веспрем се претпоследниот патник во четвртфиналето на Лигата на шампионите. Во унгарската осминафинална пресметка, Веспрем и втор пат беше подобар од Кик Сегед.

Откако го доби првиот меч на гостински терен, тимот на Веспрем славеше и пред своите навивачи над ПИК Сегед со 39-32.

Така Веспрем си обезбеди место во четвртфиналето во кое за противник ќе го игра данскиот тим Алборг.

Последниот четвртфинален пар ќе биде познат вечерва по реванш дуелот меѓу ПСЖ и Висла Плок. Во него францускиот првак ќе влезе со предност од четири гола (30-26) остварена на првиот меч во Полска.

Победникот од овој двомеч во четвртфиналето оди на мегдан на Барселона.