Уште една вечер во НБА лигата мина во знакот на балканскиот „двоец“ Никола Јокиќ и Лука Дончиќ.

Србинот, Јокиќ беше најзаслужен за победата на шампионот Денвер во дербито со Бостон со 115-109. Тој натпреварот го заври со нов „трипл-дабл“ со 32 поени, 12 скока и 11 асистенции.

Така бадијала се покажа и одличниот настап на Џејлен Браун на спротивната страна кој за „Селтикси“ реализира 41 поен на кои додаде 14 скока.

За водечкиот тим на истокот, Бостон ова беше втор пораз едноподруго, а Денвер со оваа победа се зацврсти на третата позиција во Западната конференција,

И Словенецот, Лука Дончиќ оствари „трипл-дабл“ за Далас кој со 114-108 го победи Мајами пред своите симпатизери. Дончиќ на 35-те поени, додаде по 11 скока и асистенции.

Далас на прекина низата од три порази, забележувајќи го само вториот триумф на последните седум натпревари.