Кадетската машка репрезентации на Македонија, за ракометари до 18 години ги дозна противниците за Европскиот шампионат летово.

На првенство во Подгорица, Црна Гора, што ќе се одржи од од 7 до 18 август 2024, Македонија ќе игра во силната „Б“ група.

Нашите надежи немаа многу среќа во ждрепката, па за противници ќе ги имаат репрезентациите на Германија, Франција и Полска.

Интересно ќе биде во „балканската“ група во која ќе играат: Хрватска, Словенија, Србија и Грција.

ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО (КАДЕТИ) ДО 18 ГОДИНИ
Подгорица, Црна Гора (од 7 до 18 август 2024)

А група: Хрватска, Словенија, Србија и Грција.
Б група: МАКЕДОНИЈА, Германија, Франција и Полска
Ц група: Данска, Норвешка, Чешка и Украина.
Д група: Шведска, Унгарија, Швајцарија и Израел.
Е група: Шпанија, Португалија, Австрија и Романија.
Ф група: Исланд, Црна Гора, Фарски острови и Италија.