Најдобрата женска ракометна репрезентација на Македонија попладнево ќе игра против Шпанија.

Ова е првиот од двата дуели на овие селекции во квалификациите за Европскиот шампионат 2024-та.

Јована Саздовска е една од напите најискусни ракометарки. Таа очекува сите репрезентативки да одиграат максимално борбено, без резултатски притисок.

„Шпанија е одлична репрезентација која игра брз, ракомет.

Мислам дека овој натпревар доаѓа во вистински време за нас, да ја провериме нашата физичка и тактичка подготвеност.

Имаме одличен состав, микс на млади и искусни играчи. Нема никаков притисок за нас, а ние треба треба да го одиграме она што најдобро го знаеме и она што го подготвувавме за овој натпревар.

За желбата и борбеноста не треба да коментирам.

Како Македонци со нашиот генетски код, апсолутно имаме борбеност и ќе го оставиме срцето на терен“, истекува Саздовска.

Натпреварот ќе се игра од 18 часот, а влезот во СЦ „Борис Трајковски“ е слободен.