Mашка младинска репрезентации на Македонија, за ракометари до 20 години ги дозна противниците за Европскиот шампионат летово.

На првенство во Целје, Словенија (од 10 до 21 Јули 2024), Македонија ќе игра во силната „А“ група.

Избраниците на селекторот Радослав Стојановиќ, ќе играат против соодветните репрезентациите на Хрватска, Црна Гора и Австрија.

Со Хрватите, нашите младински веќе договорија и два контролни натпревари и тоа во Скопје 15-ти и 16-ти март.

На шампионатот ќе настапат 24 репрезентации поделени во шест групи.

Потсетување дека оваа генерација (2004-та) минатото лето ни донесе големи радости со Мундијалот во Хрватска.

ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО (МЛАДИНЦИ) ДО 20 ГОДИНИ
Целје, Словенија (од 10 до 21 Јули 2024)

А група: МАКЕДОНИЈА, Црна Гора, Хрватска и Австрија.
Б група: Германија, Португалија, Србија и Грција.
Ц група: Шпанија, Фарски острови, Франција и Швајцарија.
Д група: Унгарија, Норвешка, Чешка и Романија.
Е група: Данска, Словенија, Италија и Израел.
Ф група: Шведска, Исланд, Полска и Украина.