Македонија покажа две различни лица во квалификациите за Евробаскетот 2025-та.

Во Скопје, црвено-жолтите беа надиграни од Естонија, но нагости макеоднските кошаркари ја „демолираа“ Полска.

Можеби да не беше и онаа повреда на Ненади Димитриевиќ во последната четвртина против Естонија, сега наместо една ќе имавме две победи.

Нено го потврди тоа за што одамна се говореше, дека е нобиот лидер на оваа кошаркарска селекција,

Димитријевиќ е прв стрелец во овој квалификациски круг по два одиграни натпревари.

Нено, постигна вкупно 57 поени или во просек (28,5 по натпревар), а за шест повеќе од Словенецот, Клемент Препелиќ (51).

Очекувано втор стрелец во тимот е Итан Хап со просечни 18,5 поени по натпревар (вкупно 37). Македонскиот Американец и прв на листата на играчи по бројот на украдени топки со вкупно 9 на двата натпревари.

Воедно Хап е и најдобар блокер по првите два натпревари со пет блокади, колку што има и Тригви Хлинасон од Исланд.