Младата репрезентација на Македонија до 19 години ќе одигра два контролни натпревари против соодветната селекција на Босна и Херцеговина.

Двата контролни меча ќе бидат одиграни на тренинг центарот „Петар Милошевски”, во Скопје.

Капитенот на младата репрезентација на Македонија, Мартин Ѓорѓиевски даде коментар и свое видување за дуелот со БиХ и претстојните квалификации.

„Како и на секој претходен натпревар, така и на овој ќе пристапиме максимално фокусирано и внимателно.

Босна и Херцеговина е репрезентација која поседува квалитет. Ја анализираме нивната игра, се надевам дека ќе одиграме добар натпревар.

Верувам дека ќе одиграме храбро, борбено и посветено во текот на сите 90 минути.

Имаме неколку повредени играчи, но верувам дека можеме да постигнеме позитивен резултат против квалитет противник.

Да го продолжиме трендот на позитивни резултати пред почетокот на претстојните квалификации од елитната фаза во месец март“, вели Ѓорѓиевски.

Генерацијата која ја предводи селекторот Тони Јакимовски на 18. март ја започнува Елитната рунда на квалификации. Нашите млади фудбалери се наоѓаат во групата 7 и за противници ќе ги имаат репрезентациите на Швајцарија, Украина и Летонија.

Првиот дуел помеѓу Македонија и Босна и Херцеговина ќе се игра попладнево од 13:30 часот, а вториот е два дена подоцна, со почеток во 11:30 часот.