Македонските кошаркари триумфално го завршија гостувањето во Полска. Славеа црвено-жолтите со убедливи +25 поени разлика во натпреварот од 2.коло на квалификациите.

Победата е дотолку послатка, затоа што дојде по поразот од Естонија по кој следуваше лавина од критики на социјалните мрежи.

Но, време за еуфорија не е, бидејќи има уште многу да се игра за да се обезбеди пласман на Европскиот шампионат догодина.

Свесни се за тоа и кошаркарите, па без многу еуфорија минаа миговите во соблекувалната по триумфот над Полјаците.

А, она што остави впечаток од видео материјалот, е реакцијата на Претседателот на КФМ, Перо Антиќ.

Со кренати три прста, Антиќ отпоздрави победнички. Е овојпат ги „погоди“ прстите. И ова во некоја друга ситуација не би било ништо чудно, но…

Антиќ неодамна беше „прва ѕвезда“ во политичката кампања на соседна Србија. На тоа имаше страшна реакција и осуда од македонската јавност, па сега се постава прашањето.

Го поучи ли некој Антиќ или можеби искарал, кои три прсти треба да бидат кренати!?