На вечерашниот натпревар во Белград, меѓу Црвена Звезда и Монако, што црвено-белите го добија убедливо, навивачите на Звезда популарните „Делије“ со голем транспарент упатија порака до Претседателот на Кошаркарската федерација на Македонија, Перо Антиќ.

„Не те сакаат затоа што си наш.
Најдобро чувство е кога си звездаш.
Перо Антиќ“


Ваквата реакција на „Делије“ доаѓа откако македонската јавност го осуди Антиќ за неговиот „дрес код“ на ревијалниот натпревар на македонските ракометни селекции во СЦ „Борис Трајковски“ кога се појави во блузон на Црвена Звезда.

Продолжение имаше и само четири дена подоцна, на натпреварот во АБА лигата во СЦ „Јане Сандански“ меѓу МЗТ Скопје и Црвена Звезда која фановите на аеродромци популарните „Фемили“ упатија порака до првиот човек на мак-баскетот.