Репрезентацијата на Естонија ја забележа и втората победа во квалификациите за евробаскетот 2025-та. Откако во петокот ја совладаа Македонија во Скопје, денеска Естонците пред своите симпатизери беа подобри од Литванија.

Во натпревар од групата „Х“ Естонците – Литванците славеа над Естонија – Литванија со 65-59.

Двете селекции имаа свои периоди на игра. Првиот им припадна на гостите со 19-18. Во вториот Естонците имаа и двоцифрена предност, а на одмор заминаа со четири разлика 41-37.

Во второто полувреме се играше израмнето, а така беше и резултатот на крајот на третата четвртина кога на семафорот стоеше 50-50. Домаќините покажаа голема борбеност и желба за победа, а тоа резултираше на крајот.

Литванците ќе бидат следниот противник на Македонија во двомечот во октомври месец. Естонија пак ќе игра два натпревари со Полска.

ТАБЕЛА: Естонија 4 бодови, Македонија 3, Литванија 3, Полска 2.