Најдобрата машка кошаркарска репрезентација на Македонија со дуелот против Естонија ги почнува квалификациите за ЕП 2025-та година.
Премиерниот натпревар нашите кошаркари го играат пред своите симпатизер во СЦ „Кале“ во Скопје.

Токму Естонците се главните конкуренти на Македонија за едно од местата што водат на завршницата на Евробаскетот.

Затоа денешниот натпревар е од исклучителна важност за македонската репрезентација, пред која е императивот победа.

Со Естонците имаме долга традиција, а вечерашниот ќе биде вкупно единаесетти меѓусебни дуел.

Тие имаат две победи повеќе (6-4) вклучувајќи ја и онаа од последниот дуел. Во олимписките квалификации, минатото лето, Естонија славеше со убедливи 83-59.

Како ќе биде вечерва, останува да видиме, по натпреварот што ќе започне од 19 часот.