Македонските кошаркари не успеаја со победа да ја израдуваат не само публиката во СЦ „Кале“ туку и целата јавност.

Селекторот Александар Јончевски жали за пропуштената шанса, но верува дека не е се загубено, околу пласманот на Европското првенство.

„Имавме одличен прв дел, го контролиравме мечот.

Третата четвртина ја отворивме лошо, а Естонците агресивна одбрана го сврте натпреварот во своја полза.

Тие беа подобри под обрачите во скок играта особено офанзивните скокови со кои се мачевме.

Сепак, резултатот ни дава надежи и верувам дека сеуште имаме шанси за пласман на Евробаскетот.

Пет поени не е ништо и верувам дека во реваншот следниот февруари со комплетен состав со Јакимовски верувам во поволен резултат“, изјави Јончевски.

Но, не е само Естонија имајќи в предвид дека секој освоен бод на крајот се брои, затоа Јончевски вели.

„Утре по пат кон Полска ќе анализираме. Иако се работи за домаќин, го гледавме мечот со Литванија, ќе се обидеме да победиме“, нагласи Јончевски.

Кошаркарите утре патуваат за Полска, а натпреварот од 2.коло ќе го играат во понедленик.