Македонија е поразена од Естонија на стартот од квалификациите за Евробаскет 2025-та.

Иако беше прв стрелец на натпреварот со 25 поени, Ненад Димитријевиќ реално ги согледа случувањата во поразот.

„Беше тежок натпревар, знаевме дека имаме квалитетен противник. Одигравме одлично прво полувреме.

Во второто како да ни снема „гориво“, особено мене.

Пет поени разлика е, но имаме и ревеш натпревар.

Имаме и други натпревари пред нас. Сега треба да се одмориме и брзо да се подготвиме за Полска“,

изјави по натпреварот Димитријевиќ.

Македонските кошаркари немаат многу време за анализа на вечерва пропуштеното. Шанса за победа ќе бараат на тешкото гостување во понеделник кај Полска.