Лидерот на табелата во Бунеес лигата, Баер Леверкузен забележа нова победа.

Во натпревар од 23.коло одигран пред своите симпатизери, Баер го совладаа Мајнц со 2:1.

Избраниците на Чави Алонсо остварија уште една победа со која барем ја задржаа предноста од девет бода во однос на Баерн, но доколку Баварците не победат ќе остане двоцифрена.

Два гола беа постигнати во раната фаза од натпреварот. Веќе во третата со погодокот на Чака, домаќините поведоа. Но, на Мајц му беа потребни само пет минути, преку Кор да израмни на 1:1.

Домаќините долго се мачеа повторно да го скршат отпорот на Мајнц. Тоа им успеа во 68.минута, благодарение на голманот Центнер, кој ужасно реагираше на ударот на Андрих и практично му подари гол на Леверкузен.

Со оваа победа Баер сега има 11 бодови повеќе од минхенски Баерн кој утре го игра дербито со Лајпциг.