Во првата машка кошаркарска лига, денеска на програмата се пет натпревари од 17-тото коло.

Програмата ќе биде отворена точно напладне со натпреварот во Битола каде Пелистер го пречекува Феникс. Ова ќе биде интересен дуел имајќи во предвид дека овие два тима веќе во четврток ќе се сретнат и во четвртфиналето на Купот.

Интересно се очекува да боде и во Гостивар каде истоимената домашна екипа го пречекува ТФТ. Гостиварци ќе се обидат да ја искористат предноста на домашниот терен и со победа да се одлепат од конкурентите за 8.место, последно што води во плејофот.

А, конкурентите Кожув е домаќин на Чаир, додека Охрид му гостува на шампионот МЗТ Скопје. Дуелот на последните две екипи на табелата Академија ФМП и Вардар ќе се игра во Кисела Вода.

Колото ќе биде заокружено утре со дербито меѓу второ и трето пласираните екипи на табелата. Во Кавадарци, Еуро Никел ќе го пречека Работнички.

Сите натпревари може да ги ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ (линк)

ПРВА ЛИГА (МАЖИ) – 17.коло
Сабота
12.00 ПЕЛИСТЕР – ФЕНИКС
17.00 ГОСТИВАР – ТФТ
18.00 KOЖУВ – ЧАИР
18:00 АКАДЕМИЈА ФМП – ВАРДАР
18.00 МЗТ СКОПЈЕ А. – ОХРИД
недела
18.00 ЕУРО НИКЕЛ – РАБОТНИЧКИ МРТ

ТАБЕЛА: МЗТ Скопје Аеродром 29 бодови, Еуро Никел 28, Работнички 27, Пелистер 27, Чаир 27, Феникс 26, ТФТ 26, Гостивар 21, Кожув 19, Охрид 19, Академија ФМП 19, Вардар 19.