Кошаркарите на Црвена Звезда никако да врзат две победи во низа во Евролигата. Вечерва пред своите симпатизери во Белград, црвено-белите загубија од Жалгирис.

Во супер интересен и докрај неизвесен натпревар литванскиот шампион славеше со 93-91.

Првите три четвртини завршија со ист резултат 23-22. Две од нив им припаднаа на гостите. Ниту еден од тимовите не успеа да направи поголема предност, а највисоката изнесуваше +6 за литванскиот тим.

Американецот, Еванс со 25 поени беше најдобар стрелец на натпреварот и кај победникот, додека кај поразените Јаго постигна 21, на кои додаде 14 асистенции.

Во така неизвесен меч, повеќе нерви, но и концентрација имаа гостите кои стигнаа до 11-тата победа, па сега имаат една повеќе од српскиот тим.

Standings provided by Sofascore