Откако минатото коло Борусија Дортмунд неочекувано одигра нерешено со Хајденхајм, вечерва „Милионерите“ славеа триумф.

Во во воведниот натпревар од 21.коло на Бундес лигата, Борусија пред своите симпатизери во Дортмунд го победи Фрајбург со 3-0.

Стрелец на двата гола беше Холанѓанецот, Дониел Мален. Првиот го постигна во 16-тата, а вториот седмата минута на судиското дополнение на првиот дел.

Стрелец на третиот гол беше Никлас Фулкруг во 85-тата минута.

Со овој триумф Борусија се зацврсти на 4.место на табелата. „Милионерите“ сега имаат 40 бодово како и трето пласираниот Штутгарт.

Лајпциг на Ељиф Елмас е на петото место со четири бодови помалку.