Најдоброрангираниот македонски тенисер Калин Ивановски на денес објавената АТП ранг-листа има пад за 12 позиции и се наоѓа на 341.то место со 149 поени. Падот се должи на фактот што Ивановски има и 8 поени помалку од претходната недела.

Горазд Србљак без промена на поените 10 има скок за две места и се наоѓа на 1065.место.

Обрад Марковски има пад за 160 позиции и е рангиран на 1605.место со два поена или еден помалку од претходно.

Во конкуренција на двојки Ивановски е на 679.место со 71 поен и скок за шест места.

Берк Бугариќ има пад за едно место 1352.место со 16 поени, додека Обрад Марковски е рангиран на 1866.место со пет поени (скок за две места). Елдин Хусеиновиќ е на 2137.место (пад за две позиции) со три поени.