Украинката Дајана Јастремска е најпријатното изненадување на Австралија опен годинава.

Украинката која е дури на 93-тото место на ВТА листата е третата тенисерка која обезбеди пласман во полуфиналето на Гренд слемот во Мелбурн. Таа во четвфиналето неочекувано лесно ја совлада Линда Носкова од Чешката во два сета.

Јастремска славеше со час и 20 минути игра со 6:3, 6:4.

Која ќе биде нејзина противничка ќе дознаеме по одигрувањето на последниот четвртфиналe меѓу Русинката, Ана Калинскаја и Кинвен Женг од Кина.