Македонскиот атлетичар во дисциплината скок во далечина Андреас Трајковски одлично ја почна сезоната 2024 во сала со нов македонски рекорд.

Тој вечерва на митингот во данскиот град Архус имаше скок со должина од 7.67 метри.

Со тоа за два сантиметри го подобри досегашниот државен рекорд, кој исто така беше во негова сопственост поставен во 2022 година.

Трајковски на митингот во Архус го освои второто место, а победник беше Рис Адемола од Република Ирска.

Македонскиот рекордер во скок во далечина Трајковски и на отворено има рекорден скок со должина од 7.91 метри.