Кошаркарите на ТФТ очекувано славеа победа во дуелот со Академија ФМП.

Во воведниот натпревар од 15.коло одиграни попладнево ТФТ триумфираше со убедливи 60-62.

Целата работа гостите ја завршија уште во првото полувреме кое го добија со убедливи 20 разлика 46-26. Вториот дел беше само рутина па ТФТ стигна до деветтата победа.

Калхун со 15 поени беше најдобар стрелец во победничката екипа за која Хатон кимаше дабл-дабл од 12 поени и 10 скока.

Овој како и утрешниот меч меѓу МЗТ Скопје и Работнички односно дуелот во петок меѓу Пелистер и Еуро Никел се играат порано од вообичаеното. Причина настапот на нашите претставници во регионалната второлигашка АБА лига.

ПРВА ЛИГА (МАЖИ) – 15.КОЛО
среда

ФМП АКАДЕМИЈА – ТФТ 62-90
четврток
19:00 МЗТ СКОПЈЕ А. – РАБОТНИЧКИ
петок
18:00 ПЕЛИСТЕР – ЕУРО НИКЕЛ
сабота
17:00 КОЖУВ – ФЕНИКС
17:00 ВАРДАР – ЧАИР
18:00 ГОСТИВАР – ОХРИД

ТАБЕЛА: МЗТ Скопје Аеродром 26 бодови, Еуро Никел 25, Работнички 24, Пелистер 24, ТФТ 24, Чаир 23, Феникс 22, Гостивар 18, Академија ФМП 18, Кожув 17, Охрид 17, Вардар 17.