Ракометарите на Словенија забележаа важна победа, прва, во втората фаза на Евбропскиот шампионат.

Во меч од групата 2, Словенија ја совлада селекцијата на Холандија со 37:34 и со тоа ги задржа теоретските шанси за пласман на едно од првите две места кои водат во полуфиналето.

Со исклучок на воведните неколку минути, словенечката репрезентација цело време имаше водство, кое на полувремето изнесуваше шест разлика 19:13.

Иако Холанѓаните постојано се обидуваа да ја анулираат негативата сепак тоа не им успеваше. 

Словенија сега има четири бода, Холанѓаните останаа на нула.

Сепак дали Словенците ќе имаат шанса да се пласираат во полуфиналето ќе биде појасно по вечерашните дуели меѓу Шведска и Португалија (18:00 ч.) и Данска и Норвешка (20:30 ч.).