Домаќинот Германија, ја оствари првата победа во втората рунда натпревари на Европскиот шампионат.

Германските ракометари го совладаа Исланд со 26:24, во натпреварот од 1.коло од новоформираната група 1.

Во најголемиот дел од мечот Германците имаа предност која не надминуваше повеќе од два гола.

Тоа придонесе за неизвесна завршница во која клучен беше голман на „панцерите“. Волф ги запре обидите на Исланѓаните и му донесе победата на својот национален тим.

Волф го заврши натпреварот со 12 одбрани, додека најдобар стрелец за Германците беше Јури Нор со шест гола. Во селекцијата на Исланд мечот со шест гола го заврши и Дади Смарасон.

Германците ги прокнижија првите бодови и најавија неизвесност во наредните три кола.

Група 1 (Келн) – 1.коло
УНГАРИЈА – АВСТРИЈА 29-30
ФРАНЦИЈА – ХРВАТСКА 34-32
ГЕРМАНИЈА – ИСЛАНД 26-24

ТАБЕЛА
1 ФРАНЦИЈА 4 бодови
2 АВСТРИЈА 3
3 УНГАРИЈА 2
4 ГЕРМАНИЈА 2
5 ХРВАТСКА 1
6 ИСЛАНД 0

Следно 2.коло – 20 јануари (сабота)
15.30 ФРАНЦИЈА – ИСЛАНД
18.00 УНГАРИЈА – ХРВАТСКА
20.30 ГЕРМАНИЈА – АВСТРИЈА