Актуелниот шампион, тимот на Наполи се пласира во финалето на Суперкупот на Италија.

Во првиот полуфинален меч, што се игра во Ријад, Саудиска Арабија, Наполи со 3:0 ја победи Фиорентина.

По брзо изведениот контра напад во 22-та минута стрелец беше Џование Симеоне го отвори резултатот со водство на Наполи од 1:0.

Фиорентина во финишот на првиот дел можеше да стигне до израмнување. Сепак, Иконе не реализира пенал.

Победникот го режи Алесио Зербин со два брзи гола, првиот во 84-тата, а вториот во 87.минута за конечни 3:0.

Кој ќе биде противник на Наполи во дуелот за трофејот ќе дознаеме утревечер. Во второто полуфинале ќе играат Интер и Лацио.

Финалниот натпревар во Суперкупот на Италија е закажан за во понеделник (22 јануари од 20 часот).