Екипата на Атлетико Мадрид славеше голема победа против Реал Мадрид во последниот натпревар од осминафиналето на шпанскиот фудбалски Куп.

Големото дерби на Мадрид одиграно на „Метрополитано“, му припадна на домашниот том со 4-2 и тоа по продолжението, откако регуларниот дел разврши нерешено 2-2.

Како и што се очекуваше, голема борба водеа фудбалерите на двата тима во текот на целиот натпревар, надополнет со шест гола.

Бразилецот, Мауел Лино во 39.минута го отвори резултатот за водство на Атлетико од 1-0. Во судиското дополнение Реал израмни на 1-1. По центаршутот на Лука Модриќ, домашниот голман Јан Облак лошо интервенираше.

Третиот гол на натпреварот дојде во 57-минута кога Алваро Мората повторно му донесе предност на Атлетико (2-1). Мората во 81-та имаше шанса да го реши победникот, но голманот Лунин одлично интервенираше.

Во акцијата на спротивната страна, Белингам одлично го проигра Хоселу кој не ја пропушти шансата да израмни на 2-2.

Ниту еден од тимовите не успеа да ги искористи шансите кои ги имаа за трет гол, па натпреварот отиде во продолжение.

Се играше 100-тата минута кога Французинот, Антоан Гризман по одлична соло акција погоди за 3-2 за Атлетико.

Во 111-тата минута Хоселу постигна гол, но претходно Џуд Белингам беше во офсајд па голот не беше признат. Точка на натпреварот стави Родриго Рикелме во 118-тата минута за конечни 4-2 за популарните „Јорганџии“

Така ________ го комплетира списокот на осум екипи кои ќе продолжат во четвртфиналето.

Таму ќе играат и: Барселона, Севиља , Атлетик Билбао, Мајорка, Селта Виго, Р. Сосиедад и Џирона.

Четвртфиналните натпревари на програмата се веќе во среда (24 јануари).