По тринеделна пауза викендов на фудбалските терени низ Германија се вратија возбудувањата во Бундес лигата.

Сите дуели од 17-тото коло почнаа и ќе почнуваат со едноминутно молчење во чест на Франц Бекенбауер.

Пред пет дена германската фудбалска легенда Бекенбауер почина на 78-годишна возраст од Алцхајмерова болест.