Фудбалерите на Челзи го победија Фулам со 1:0 во натпревар од 21.коло од Премиер лигата.

Единствениот гол на натпревар беше постигнат од пенал.

Во судиското надополнување на првото полувреме, Стерлинг изнуди пенал, откако Иса Диоп го собори, а судијата покажа на белата точка. Одговорноста ја презеде Кол Палмер, кој беше прецизен за 1:0.

Челзи сега е на осмото место на табелата со 31 бод колку што имаат Брајтон на седмото и Манчестер Јунајтед на деветтото место. Фулам заостанува седум бодоби и е 13-ти.