Репрезентацијата на Хрватска претрпе вистински дебакл пред своите симпатизери во дуелот против Англија.
Натпреварот од „А“ дивизијата во Лигата на нации, одигран во Риека, заврши со триумф на гостите се убедливи 0:7
Дебаклот на Хрватите го најави Хари Кејн уште во осмата минута. Веќе во 21.минута Белингам ја удвои предноста, а во 39-тата Гордон зголеми на 0:3. Во самиот финиш на првиот дел (45), Сака беше стрелец на четвртиот гол за Англичаните.

Дебаклот на „коцкестите“ продолжи и во второто полувреме.
Кејн во 53.минута го постигна својот втор гол. А „покус“ не остана ниту Сака кој втор пат се запиша во листата на стрелци. Конечните 0:7 за Англија ги постави Роџерс во 87-мата минута.
За Англија ова беше втората победа во групата 3, во кој два триумфи има и актуелниот светски и европски првак Шпанија која вечерва игра со Чешка.




























