Кризата на актуелниот италијански шампион Наполи конечно прекината, па дури во петтиот натпревар во низа успеа да победи. Наполитанците во натпревар од Серија А, попладнево пред својата публика ја совладаа Салернитана со 2-1.

Во натпреварот од 20.коло одигран во Неапол, гостите поведоа во 29-минута со голот на Антонио Кандрева.

Во судиското дополнение на првиот дел домаќините стигнаа до израмнување.

Се играче третата дополнителна минута кога во шеснаесетникот на гостите беше соборен Рахмани. По прегледувањето на ВАР снимката беше досуден пенал. Сигурен реализатор беше Матео Политано за израмнување на 1-1.

Домаќините се мачеа да стигнат до вториот погодок. Тоа се случи во петата минута од судиското дополнение кога Рахмани постигна гол за делириум на трибините и голема радост на публиката и фудбалерите.

Со оваа победа Наполи барем за момент прави прогрес од три позиции на табелата. Сега шампионот е на 6.место со 31 бод, еден повеќе од Аталанта и Лацио, а два повеќе од Рома.

.

Standings provided by Sofascore