Фудбалската репрезентација на Португалија ја оствари втората победа во Лигата на нации откако на гостински терен ја совлада Норвешка.

Во возбудлив натпревар од 2.коло на групата 4 во А сегментот, португалскиот состав славеше со 1:2.

Резултатот го отвори Жоао Феликс во 17. минута по одлично проигрување од Педро Нето. Домаќините успеаја да израмнат на стартот од второто полувреме преку својот најопасен напаѓач Ерлинг Халанд.

Сепак, радоста на скандинавската селекција траеше многу кратко поради голема грешка на нивниот голман. Само три минути подоцна Гонсало Рамос биеше од далечина и ја врати предноста за гостите. Во 62.минута ВАР технологијата поништи уште еден погодок на португалскиот напаѓач поради недозволена позиција. До крајот на средбата иако Норвежаните напаѓаа со сите сили да дојдат до израмнување, Португалците сепак ги издржаа нивните налети.

На дуелот од групата 2 одигран во Аугсбург, селекцијата на Германија беше непријатно изненадена од Грција кои славеа со 0-1.

Стрелец на единствени гол на натпреварот беше Димитрис Курбелис, кој го постигна одлучувачкиот погодок во 74-та минута.

За Грците тоа е втора победа, а Германците ќе почекаат на првата. Тие претходно одиграа 1:1 со Холандија која попладнево ја совлада Србија во Белград со 1:2.