Со четири натпревари денеска во Д и Ф групите започнува втората рунда на Европското првенство за ракометари во Германија.

Mакедонските судии Ѓорѓи Начевски и Славе Николов денеска ќе ја имаат првата задача. Тие ќе ја делат правдата на натпреварот од Д групата во Берлин каде ќе играат Полска и Словенија.

Овој натпревар ќе започне од 18 часот термин во кој ќе се игра и дуелот во Мајнхајм каде вечерва ќе одигра упте еден натпревар. Последниот ќе се игра во Минхен

Распоред на натпревари за денеска 13.јануари – сабота
18:00 Полска – Словенија (Берлин) Д група
18:00 Босна и Херцеговина – Холандија (Мајнхајм) Е група
20:30 Грузија – Шведска
20:30 Грција – Данска (Минхен) Ф група