Со натпреварот Македонија – Франција денеска започнува Европското ракометно првенство.
Актуелниот олимписки шампион Франција ја има улогата на фаворит не само на овој натпревар туку и на првенството.
Искусниот десен бел на Триколорите, Валентин Порт не знае што може Македонија да понуди, бидејќи станува збор за подмладен тим.
„Не сме играле против нив долго време. Tие се нов тим, со многу нови играчи, ние не знаеме многу за начинот на кој играат.
Првиот натпревар во кое било првенство секако е најдоброто нешто што сте го играле во вашата кариера.
Сепак, ние имаме големо искуство за ова и подготвени сме за овој тест“, изјави Порт.
Натпреварот меѓу Македонија и Франција започнува од 18:00 часот.