Во рамките на развојниот проект „Заедно до М16“, во наредните денови тренинзи во СРЦ „Кале“ во Скопје.

Машката селекција на играчи, родени 2010 година, кои се дел од националниот тим „Под 14“ години, e првата која стартува со активности во 2024-та.

Момчињата кои беа селектирани во изминатиот период, се дел од националниот тренинг-камп, кој е дел од развојниот проект.

Тренинзите ќе се одвиваат во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје. Нив ќе ги водат главниот тренер Тео Митевски и Бесарт Мухидини, во улога на асистент.

Воедно со нив е и стручњакот за кондициска подготовка, професор Александар Кукриќ. Тој е на располагање на младите тренери и играчи, во процесот на индивидуална подготовка, кои во текот на оваа календарска година ќе бидат дел од проектот „Заедно до У16“,

Во наредните неколку месеци е предвидено и одигрување на неколку турнири кои се дел од проектот на ФИБА.