Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа по само еден одигран меч во Мелбурн, го заврши настапот на Австралија опен. Во првото квалификациско коло Ѓорческа загуби од полската тенисерка Катарзина Кава со 1:2 во сетови.

Нијанси решаваа во маратонски меч кој траеше 2 часа и 27 минути.

Првиот сет кој траеше 55-минути мина го знакот на несигурен сервис на двете тенисерки. Ѓорческа го загуби уште првиот свој сервис овозможи на противничката да поведе со 2-0. По водството на Кава од 3-1, Горческа направи брејк, а потоа го освои и свој сервис за 3-3. Следуваше низа од четири гема со брејк, за 5-5 во сетови. Сетот беше решен во 12 гем во кој Кава направи уште еден брејк и го доби сетот со 7-5.

Во вториот сет далеку посигурна игра на двете тенисерки на свој сервис. Ѓорческа направи брејк во седмиот што се покажа како решавачки момент. Тетовката го доби сетот со 6-4 во гемови и израмни на 1:1 во сетови.

Во воведниот гем од решавачкиот трет сет беа одиграни дури 22 поени. Ѓорческа имаше шанса за брејк, но не ја искористи. Во следниот го загуби сервисот и полската тенисерка поведе со 2-0. Сепак Лина врза направи ри-бреј, па го доби и својот сервис за да израмни на 2-2. Во седмиот гем Лина имаше брејк топка која не ја искористи, но тоа и успеа на противничката во следниот која поведе со 5-3.

Во следниот маратонски гем, Лина имаше дури пет брејк топки. Спасуваше тетовката два пати меч топка на противничката, но не успеа и третата па го загуби гемот, а со тоа сетот со 3-5 и мечот 1:2.

Ова беше втор настап на Ѓорческа во кариерата на Австралија опен.