Месец јануари со години наназад минува во знакот на ракометот.

Сениорската машка репрезентација на Македонија се подготвува за претстојниот настап на Европскиот шампионат. Тие во понеделник заминуваат во Германија, каде веќе во среда со дуелот против Франција, го започнуваат новиот настап.

Затоа пак, кадетите, селекцијата на ракометари до 18 години, се бори за место на континенталното првенство.

Македонските надежи во салата Автокоманда во Скопје се домаќини на квалификациската пета група.

По вчерашната голема победа над Словачка, избраниците на селекторот Танески се на чекор до пласман на ЕП.

За тоа им треба само уште една победа во двата претстојни натпревари.

Првиот на програмата е денеска против Швајцарија која вчера убедливо со 33-19 го победи Косово.

Победа над Швајцарците и дефинитивно ќе го завери настапот на Европското првенство, во спротивно тоа ќе треба да го сторат утре против Косово.