Велеслаломската патека во Крањска Гора и лежи Валери Грение.

Канаѓанката ја изненади конкуренцијата и победи на денешната трка во словенечкиот ски-центар.

Таа оствари најбрзо вкупно време по двете трки и зад себе ги остави Швајцарката, Лара Гит Бахрами за 37, односно Италијанката, Федерика Брињоне за 51.стотинки.

За Грение ова е само втора победа во кариерата во Светскиот куп. Првата ја оствари лани во истата дисциплина токму во Крањска Гора.