По само шест месеци во Саудиска Арабија, Роберто Фирмино би можел да се врати во Премиер лигата.

На Бразилецот не му оди во Ал Ахли. Мина низ тежок период во личниот живот, па размислува за враќање во Англија, бидејќи наводно има неколку понуди.

Англиските медиуми откриваат дека Фулам покажал најголем интерес за поранешниот напаѓач на Ливерпул.

Блесна по доаѓањето со хет-трик, но оттогаш нема постигнато ниту еден гол на 19 натпревари.

Попатно, Бразилецот помина и низ тежок период надвор од теренот. Неговиот татко неочекувано почина од срцев удар во средината на ноември за време на семеен одмор.

Фирмино е легенда на Ливерпул за кого одигра 362 натпревари и постигна 111 голови. Ја освои Премиер лигата, Лигата на шампионите, ФА Купот, Лига купот, Суперкупот на Европа и Светското клупско првенство.